Најмоќниот политичар во Романија, поранешниот премиер Ливиу Драгнеа, попладнево сам се пријави во затворот Рахова, каде што треба да ја отслужи затворската казна од три и пол години за фиктивни вработувања на партиски членови.
Тој беше следен од новинари додека патуваше од својот дом до затворот, а пред затворот го чекаа граѓани, кои го навредуваа и фрлаа предмети по неговиот автомобил.
На Драгнеа, кој е лидер на владејачката ПСД и актуелен собраниски спикер, Врховниот суд вчера му ја потврди затворската казна, која веднаш стана правосилна и тој имаше рок од 24 часа да замине во затвор.