ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НЕКОЛКУМИНА ФУДБАЛЕРИ ЗА МЕСТЕЊЕ НАТПРЕВАРИ ВО ЕЛИТНИТЕ ЛИГИ

    ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ НЕКОЛКУМИНА ФУДБАЛЕРИ ЗА МЕСТЕЊЕ НАТПРЕВАРИ ВО ЕЛИТНИТЕ ЛИГИЛа Лига пријавила девет сомнителни натпревари (Фото: Гети)

    Шпанската полиција потврди дека се уапсени неколку лица во рамките на истрага за местење натпревари. Меѓу приведените се неколкумина сегашни и бивши играчи, како и клупски функционери од најдобрите две лиги.

    „Полициската акција уследи откако шпанските власти добиле дојава за можно местење натпревар од Ла Лига, одигран во мај 2018“, изјави портпаролот на првата лига.

    Самата лига ја информираше полицијата за осум други случаи на можно местење.

    „Ла Лига е многу активна во борбата против местењето. За нас е важно да имаме фер натпреварување“, додаде тој.

    Меѓу имињата кои се споменуваат во шпанските медиуми се бившиот играч на Реал Мадрид Раул Браво, кој е наводен лидер на групата, потоа Борха Фернандес од Ваљадолид, Самуел Саис Алонсо од Хетафе и претседателот на Уеска, Агустин Ласаоса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира