СО ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЛИ МЕ СПОРЕДУВАТЕ, ОДГОВОРИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРАШАН ДАЛИ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА АКО СЕ ПОЈАВИ ВО НОВИ БОМБИ

    СО ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЛИ МЕ СПОРЕДУВАТЕ, ОДГОВОРИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРАШАН ДАЛИ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА АКО СЕ ПОЈАВИ ВО НОВИ БОМБИ„Оставката е внатрешно чувство, морал, порив што доаѓа од внатре“, вели собранискиот спикер Талат Џафери. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на новинарско прашање дали ако во најновите нелегални прислушувани материјали за сегашни и поранешни највисоки функционери од ДУИ, кои се пуштаат на социјалните мрежи, ќе си поднесе оставка на функцијата ако се искомпромитирал самиот или биде во таков контекст спомнат во тие бомби, тој кажа дека не коментира забранети и казниви работи со закон.

    На новинарско инсистирање дали сепак ќе си поднесе оставка ако се појави во бомбите, како што направи пратеникот Павле Богоевски, рече: „Вие ли ме споредувате мене со Павле Богоевски?“.

    Прашан дали во матичната партија ќе побара оставка од високите партиски функционери, од градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, кој според новите прислушувани разговори ургирал за судски предмети, за член на ДУИ фатен со пиштол, но и од лидерот Али Ахмети и од Муса Џафери по најновите бомби, спикерот Џафери одговори дека функцијата на која што е сега, не му дозволува да биде партиски ангажиран, а уште помалку да биде во раководните тела на која било партија.

    „Оставката е внатрешно чувство, морал, порив што доаѓа од внатре“, рече тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира