ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ШТО ЌЕ СТАПИ НА СИЛА ОТКАКО ЌЕ ГЛАСА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ

    ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА ШТО ЌЕ СТАПИ НА СИЛА ОТКАКО ЌЕ ГЛАСА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИНа Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, што ја води пратеникот Павле Богоевски, а на која требаше да одлучи денеска за одземање на мандатот на избеганиот Никола Грувски, тој си поднесе оставка од пратеничката функција, со што се прекина работата на Комисија во Собраниет. - Боговески се поздравува со пратениците (Фото: К. Попов)

    Со говор кој ги збуни и изненади насобраните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, што ја води пратеникот Павле Богоевски, а на која требаше да одлучи денеска за одземање на мандатот на избеганиот Никола Грувски, тој си поднесе оставка од пратеничката функција, со што се прекина работата на Комисија во Собранието.

    На почеток, пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ побара дополнување на дневниот ред на оваа собраниска комисија чиј претсадател е Богоевски. Побара пред да се почне расправата за Груевски да се расправа и да се утврди одговорност на Павле Богоевски за кршење на етичкиот кодекс за однесување на пратениците. Според неа Богоевски го прекршил етичкиот кодекс нарачувајќи како што рече таа забранета наркотична супстанца.

    Кога се очекуваше да  се стави предлогот на гласање на говорницата излезе Богоевски и кажа дека си поднесува оставка.

    „Гласот за одземање на мандатот на Никола Гуеврски ќе биде моето последно гласање во ова Собрание.Таа одлука ја донесов во моментот кога сам се пријавив во полициска станица. Не ви посакувам да бидете во ситуација за близок член од семејството да треба да нарачувате нешто што јас го набавувам, а тоа е масло од канабис. Очекувам органите на прогонот да го испитаат ова мое тврдење до крај. Одлуката ја соопштувам сега затоа што чекав да видам до каде ќе отиде целата јавност после оваа ваша хајка, само за да го спасите вашиот лидер во бегство. Јас ќе си ја гушнам моралната одговорност“, рече претседателот на Комисијата Павле Богоевски од говорницата.

    Потоа кажа дека од овој момент па натака не е прашање дали Павле Богоевски ќе биде пратеник туку дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заштитат криминалецот во бегство Никола Груевски.

    Тој рече дека ја дава оставката сега, а ќе стапи во сила по гласањето на пленарна седница за одземање на пратеничкиот мандат на шест месеци неоправдано отсутниот Никола Груевски. Пред да ја презакаже денешната седница на Комисијата која не ни почна, најави дека неа ќе продолжи да ја води заменичката Снежана Калеска-Ванчева.

    По оставката на Павле Богоевски, неговото место во Собранието ќе го добие Александар Филиповски од СДСМ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира