ГУГЛ ПАДНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС, ПРОБЛЕМИ СО ИНТЕРНЕТОТ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ

    ГУГЛ ПАДНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ЧАС, ПРОБЛЕМИ СО ИНТЕРНЕТОТ НИЗ ЦЕЛ СВЕТОд компанијата велат дека се соочуваат со голема активност на мрежата во источниот дел на САД и дека ги откриле причините. Пречките почнаа неколку минути пред 21 часот по средноевропско време. (принтскрин)

    Голем дел од интернетот беше паднат повеќе од еден час, со прекини низ целиот свет, најмногу поради проблеми на Гугл. Во прекин беа веб страниците на Јутјуб и Снпчет. И сервисите на Гугл, како што се гмаил, гулгл драјв и гугл аналитикс беа повремено во прекин поради проблеми со клауд сервисот на компанијата. Со проблеми се соочија и сервиси кои немаат врска со Гугл, но се потпираат на таа технологија, како што се Убер и Вимео.

    Прекините почнаа во неколку минути пред 21 часот во неделата и траеја повеќе од еден час пред Гугл да објави дека ја открил причината за проблемот.

    „Се соочуваме со голема активност на мрежата во источниот дел на САД што доведе до пореметување на повеќе сервиси на Гугл клауд и Јутјубе“, соопштија од компанијата.

    „Корисниците може да се соочат со намалена брзина и повремени пречки. Веруваме дека ги пронајдовме причините за застојот и очекуваме наскоро да воспоставиме нормален сервис“, соопшти компанијата.

    Во Македонија застој и повремени пречки имаше на гмаил сервисот и на сервисот гугл аналитикс што го мери сообраќајот на веб сајтовите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира