ПЕТМИНА УАПСЕНИ, ИСЛАМСКА ДРЖАВА СТОИ ЗАД НАПАДОТ ВО НИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:25:"Ница(Би-Би-Си)

    ПЕТМИНА УАПСЕНИ, ИСЛАМСКА ДРЖАВА СТОИ ЗАД НАПАДОТ ВО НИЦА

    Уапсени се петмина за кои се верува дека имале врска со напаѓачот со камион кој завчера уби 84 луѓе во Ница, соопшти јавното обвинителство во Париз. Тројца се уапсени денеска, а двајца вчера.

    Организацијата Исламска држава (ИД) тврди дека нападот го изведе еден нејзин приврзеник. Новинската агенција Амак, која е поврзана со ИД објави:„Тој го изведе нападот како одговор на повиците да се напаѓаат жители на коалицијата која се бори против Исламска држава“.

    Возачот на камионот е Тунизиецот со француско државјанство Мухамед Лауаеж-Булел (31).Тој беше убиен од полицијата. Околу 202  луѓе се повредени, 52 се во критична состојба, од кои 25 се на апарати за одржување во живот. Десет од жртвите се деца, од кои пет се критични.

    Францсукиот претседател Франсоа Оланд денеска ќе заседава со кризниот штаб. Оланд, кој вчера изјави дека нападот е „неодречиво од терористичка природа“, веќе ја продолжи постоечката вонредна состојба на уште 3 месеци. Денеска треба да се реши кои се можните одговори на нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира