ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО ИСТАНБУЛ, ОЧЕКУВАМ ТУРЦИЈА ДА ЈА ПОЧНЕ РАТИФИКАЦИЈАТА НА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО ИСТАНБУЛ, ОЧЕКУВАМ ТУРЦИЈА ДА ЈА ПОЧНЕ РАТИФИКАЦИЈАТА НА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, РЕЧЕ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев рече дека ратификацијата на протоколот за пристапување се одвива со забрзано темпо и дека на состанокот на Советот на НАТО што овие два дена се одвива во Скопје добиле информација и кога останатите земји членки ќе го ратификуваат протоколот (Фото: К.Попов)

    Турција е наш пријател и очекувам по завршување на изборите кај нив да го почнат процесот за ратификација на протоколот за членство, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање.

    „Турција е еден од нашите големи пријатели. Нивните исчекувања се дека кога ќе завршат со изборните процеси што се одвиваат кај нив, знаете дека има повторени избори во Истанбул, ќе го почнат процесот. Се надевам дека тоа наскоро ќе се случи“, рече Заев.

    Тој кажа дека ратификацијата на протоколот за пристапување се одвива со забрзано темпо и дека на состанокот на Советот на НАТО што овие два дена се одвива во Скопје добиле информација и кога останатите земји членки ќе го ратификуваат протоколот.

    „Некои тоа ќе го направат во јуни, некои во јули, некои во септември и октомври“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира