ХПВ ВАКЦИНАТА Е ИЗУМ НА 21. ВЕК, ШТИТИ ОД МАЛИГНО ЗАБОЛУВАЊЕ, ВЕЛАТ ДОКТОРИТЕ НА ХУМАНИТАРНАТА ТУРА СО ВЕЛОСИПЕДИ ОД АТИНА ДО ГРАЦ

    ХПВ ВАКЦИНАТА Е ИЗУМ НА 21. ВЕК, ШТИТИ ОД МАЛИГНО ЗАБОЛУВАЊЕ, ВЕЛАТ ДОКТОРИТЕ НА ХУМАНИТАРНАТА ТУРА СО ВЕЛОСИПЕДИ ОД АТИНА ДО ГРАЦХуманитарната тура што лекари гинеколози ја возат од Атина до Грац е да се подигне јавната свест за навремено откривање на болеста и дека вакцинацијата спасува животи (Фото: Министерство за здравство)

    Доктори од Европското здружение за гинеколошка онкологија на тура со велосипеди во рамки на хуманитарната иницијатива „Ride4Women“ за подигање на јавната свест за превенцијата и раното откривање на рак на грлото на матка денес минаа низ Скопје.

    Лекари-гинеколози од Европа турата со велосипеди во рамки на акцијата ја минуваат од Атина, Скопје, Тирана, Подгорица, Сараево, Бања Лука, Загреб, Марибор и Грац минаа низ Скопје, а домаќин им беше Македонското лекарско друштво.

    Раното откривање на болеста и вакцинацијата со хумано-папилома вирус (ХПВ) вакцината се важни за превенција на болеста, како и ефективен третман.

    „На сите противници на вакцинацијата сакам да им порачам дека ХПВ вакцината е изум на овој век и дека таа штити од малигно заболување. Потребно е сите девојчиња на дванаесет и момчиња на четиринаесет годишна возраст да се вакцинираат. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај жените дека треба да одат на редовни цитолошки и тестови за рано откривање на болеста. Нашата земја според инциденцата на заболени е меѓу првите пет земји во Европа и најчесто се откриваат во доцна фаза“, рече д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво.

    Со Програмата за рана детекција на малигните заболувања за оваа година се предвидува да бидат испратени покани до жени на возраст од 36-45 години како и да се направат 24.000 ПАП тестови во рамки на организираниот скрининг.

    Од Министерството за здравство велат дека за скрининг на рак на грлото на матката во првиот квартал годинава поканети се вкупно 10.633, а според податоците добиени од центрите за јавно здравје, вкупниот број жени кои примиле покани лани е 46.438.

    „Од вкупниот број поканети лани на ран скрининг 17.477 од нив не се јавиле на преглед“, велат од Министерство за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира