Власта во американската држава Луизијана соопшти дека двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во Батон Руж. Причините засега се непознати. Тензијата уште трае, а се верува дека е убиен и човекот кој стрелал во полицајците.
Ова следи по неодамнешното полициско убиство на Афроамериканец во градот, што покрена лавина протести низ САД. Тоа и уште едно убиство во Минесота, предизвикаа одмазнички напад од афроамерикански воен ветеран, кој уби петмина полицајци во Далас, Тексас.