Во вторник и во среда во Скопје ќе се прска против комарци со авиони, најавија властите на Град Скопје. Дезинсекцијата од земја ќе почне во среда и ќе заврши најдоцна до сабота. Прскањето од земја ќе се врши од 23 до 4 часот.
„Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.