НЕ ЛИЧИ ПРАТЕНИК КОЈ СТОРИЛ НЕШТО НЕЗАКОНСКИ ДА ПРОДОЛЖИ ДА БИДЕ ПРАТЕНИК, КАЖА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ОБРАЗЛОЖУВАЈЌИ ЈА ОСТАВКАТА ВО СОБРАНИЕТО

    НЕ ЛИЧИ ПРАТЕНИК КОЈ СТОРИЛ НЕШТО НЕЗАКОНСКИ ДА ПРОДОЛЖИ ДА БИДЕ ПРАТЕНИК, КАЖА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ОБРАЗЛОЖУВАЈЌИ ЈА ОСТАВКАТА ВО СОБРАНИЕТОБогоевски ги повика органите на прогонот да го расчистат случајот со неговото самопријавување за нарачка на масло од канабис, но и со таксистот кој нелегално го прислушувал. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот Павле Богоевски на денешната собраниска седница ги наведе причините поради кои поднел оставка. Тој вели дека поднесува оставка за да не влијае неговата функција на постапката што евентуално би ја воделе органите на прогонот против него за нарачувањето масло од канабис. Рече и дека чувствува морална одговорност.

    „Не оди еден пратеник кој толку се залагал за еднаква правда и правичност за сите, кога ќе стори нешто незаконски, не личи да продолжи да биде пратеник“, кажа Богоевски од собраниската говорница.

    Тој кажа дека има лична причина за оставката, бидејќи на овој начин, како што рече, покажал дека вредностите и принципите на Шарената револуција сѐ уште се живи и никој не може да ги помести од нивното тежиште.

    Богоевски ги повика органите на прогонот да го расчистат случајот со неговото самопријавување, но и со таксистот кој нелегално го прислушувал.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери, по говорот на Богоевски, ја констатираше оставката на Богоевски. Претходно, Џафери ја констатираше и оставката на Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира