Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата!“.
Од граѓанскиот сектор побараа претставниците на граѓаните да бидат вклучени во преговорите.
Претставниците на невладиниот сектор порачаа дека доколку партиите одлучат нешто што е на штета на граѓаните, ќе бидат порадикални, но тоа не значи дека ќе бидат насилни.