Главниот осомничен за терористичките напади во Крајстчрч во март се изјасни невин по сите обвиненија.
Брентон Тарант е обвинет за 51 убиство, 40 убиства во обид и тероризам во најсмртоносниот напад во историјата на Нов Зеланд. Тој мирно седеше во судницата додека неговиот адвокат ја читаше неговата изјава. Ова е првпат во историјата на Нов Зеланд некому да му се суди за тероризам.
Судијата на Високиот суд на правдата Камерон Мандер објави дека судењето ќе почне на 4 мај следната година и дека Тарант ќе остане во притвор до повторното сослушување закажано за 16 август. Тој исто така кажа дека Тарант е физички и ментално способен за да му се суди.
Тарант беше уапсен на 15 март набргу откако ги изврши нападите во двете џамии во Крајстчрч. Тој моментално се држи во изолација во затворот во Окленд, кој важи за најтежок во Нов Зеланд.