ОТКОПУВААТ МРТВИ КРАВИ СО ЈАЗЛЕСТА КОЖА ВО КУМАНОВСКО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:326:"ИнспекториодАгенцијатазахранаиветеринарствозакопаледобитоксојазлестакожавојамалоцирананатрасанапланиранажелезничкапругапамораледагиоткопуваатживотните

    ОТКОПУВААТ МРТВИ КРАВИ СО ЈАЗЛЕСТА КОЖА ВО КУМАНОВСКО

    Ветеринарни инспектори од Куманово, минатата недела, закопале добиток со јазлеста кожа на место планирано за железничка пруга, па морале да ги ексхумираат мршите. Уништиле 30-тина грла говеда и ги фрлиле во јама, на локација која сами ја одредиле.
    Месното население и претставници на стопански сублекти од околината на јамата пријавиле во МВР и во Општина Куманово од каде утврдиле дека инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство немаат одобрение за таа локација, па следниот ден се организирало ископување на мртвиот добиток.
    „Инспектори, по сопствена проценка, вршеле закопување на угинати животни во атарот на селото Клечовце. Поради таквата состојба ни се јавија од Македонски железници и ни посочија дека има проблем, но ние немаме надлежност да го решиме. Ние чекаме локацијата да ја определи Министерството за животна средина, бидејќи тоа е нивна обврска наложена од Националниот центар за контрола на болеста. Општината ги извести сите институции за надминување на состојбата затоа што имаме информации дека ова е само почеток и дека ќе има уште поголемо уништување на заболен добиток“,  изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.
    Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на Општина Куманово, писмено го известил Министерството за животна средина дека добитокот е закопан на трасата на планирана железничка пруга.
    „Лицата кои се задолжени за сузбивање на болеста јазлеста кожа од Агенцијата за храна и ветеринарство користат самоиницијативно избрани локации за отстранување на мршите. Локацијата е предвидена за изградба на железничката пруга Коридор 8, реконструкција на делницата Куманово- Бељаковце, па може да претставува проблем за реализација на проектот. Воедно самата локација претставува потенцијaлен извор на загрозување на јавното здравје и загрозување и штетно влијание на животната средина, ризични за водата, воздухот, почвата, растенијата и животните“, стои во дописот од Општина Куманово.
    Агенцијата за храна и ветеринарство имала 2,5 месеци време да добие локација за нештетно отстранување на мршите. Националниот центар за контрола на болеста тоа го наложил уште на 27 април, но писменото барање во Куманово било поднесено истиот ден кога започнала акцијата за уништување на заболениот добиток, на 13 јули. Општината го препратила до Министерството за животна средина и просторно планирање.
    „Општина Куманово не поседува локации односно овластена депонија за закопување, затрупување на умрении животни. Поради тоа ќе испрати барање до Министерство за животна средина и Агенција за катастар на РМ за определување на локации за нештетно отстранување на умрените животни“, се вели во одговорот на Општината по барањето од Агенцијата за храна и ветеринарство.
    Додека се чека локација, нашиот извор вели дека, покрај во Куманово, и во други градови во државата е слична состојбата со бесправно закопување на добитокот, бидејќи обврските се нејасни. Националниот центар за контрола на болеста прво побарал ископувањето на јамите да го врши Дирекцијата за заштита и спасување со својата механизација, но бидејќи тие немале пари, препорачале работата да ја преземат јавните претпријатијата во општините.
    Конкретно, од општина Куманово велат дека подолго време имаат финасиска блокада и работат со минимални сретства поради што неможат да ги исполнат препораките за асистенција на Агенцијата. Тие апелираат државата да ги преземе сите обврски околу уништување на болните говеда, а не да ги префрла на товар на општините кои и онака се наоѓаат во тешка финасиска состојба.
    Во Кумановско жаришта на јазлеста кожа се откриени во селата Клечовце и Орашац.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира