МАКЕДОНИЈА ВО КАРЛОВИ ВАРИ СО „ПОЛУСЕСТРА“ НА СЛОВЕНЕЦОТ КОЗОЛЕ, ЧИЈ ПРОДУЦЕНТ Е ЛАБИНА МИТЕВСКА

    МАКЕДОНИЈА ВО КАРЛОВИ ВАРИ СО „ПОЛУСЕСТРА“ НА СЛОВЕНЕЦОТ КОЗОЛЕ, ЧИЈ ПРОДУЦЕНТ Е ЛАБИНА МИТЕВСКАРежисерот Дамјан Козоле со главните актерки во филмот, Урша Менарт и Лиза Маријина (Фото: Официјална интернет-страница на „Полусестра“)

    Македонската малцинска копродукција „Полусестра“ на еден од водечките словенечки и балкански автори Дамјан Козоле на 2 јули ќе има светска премиера во главната селекција на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка. Македонски копродуцент е „Сестри и брат Митевски“. По премиерата, филмот ќе има уште две проекции на 3 и 5 јули.

    Митевски како малцинска копродукција учествуваа и во претходниот филм на Козоле „Ноќен живот“, кој исто така премиерно беше прикажан во Карлови Вари, и каде освои и Кристален глобус за најдобра режија во 2016.

    „Полусестра“ е копродукција помеѓу Словенија, Македонија и Србија. Филмот е за две полусестри и проблемите со кои се соочуваат.

    Од македонска страна филмот e поддржан од Агенцијата за филм, а македонската екипа ја сочинуваат актерката Лабина Митевска, монтажер на филмот е Атанас Георгиев, снимател на тон Игор Поповски-Нивеа, микроман Дарко Бошковски, асистент на камера е Маријан Боцевски, арт-директор во сценографија е Бобан Петрушевски, дел од звукот е работен во „Аудиохаус“, а македонскиот дел од кастингот направен од Киријана Николоска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира