ГО ПОВЛЕКУВАМ ПРЕДЛОГОТ ДА БИДАМ И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ, ИАКО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ ГО ДОЗВОЛУВААТ ТОА, КАЖА ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕТО

    ГО ПОВЛЕКУВАМ ПРЕДЛОГОТ ДА БИДАМ И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ, ИАКО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ ГО ДОЗВОЛУВААТ ТОА, КАЖА ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕТОПремиерот Заев најави дека ќе раководи со Министерството за финансии до изборот на нов министер. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на седницата за владината реконструкција кажа дека го повлекува предлогот да биде и министер за финансии. Тој кажа дека Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер, но, како што рече, кога е отворена дилема и дебата, треба да се послушаат сугестиите на опозицијата на и Антикорупциската комисија.

    „Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Кога е отворена дилема и дебата, власта, премиерот и сите, треба да ја слушнеме опозицијата, но и телата како Антикорупциската комисија“, изјави Заев.

    Но, тој рече и дека, согласно овластувањата, ќе раководи со Министерството за финансии до изборот на нов министер.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира