„ПЕЛИСТЕРКА“ СЕ ПРОДАВА И ВО ШАНГАЈ ВО „СТАРБАКС“

    „ПЕЛИСТЕРКА“ СЕ ПРОДАВА И ВО ШАНГАЈ ВО „СТАРБАКС“„Пелистерка“ успеа да се пробие до Шангај, кој е пазар со повеќе од 13 милиони луѓе

    Најпродаваната македонска вода и единствена со дозвола за извоз во Европа, „Пелистерка“, го освојува и кинескиот пазар. Таа почна да се продава во најголемиот кинески град Шангај, чии повеќе од 13 милиони жители можат да ја најдат во кафулињата на „Старбакс“, соопшти компанијата.

    Ова уследи откако по долги преговори, тестирања и анализи, кинеската влада даде зелено светло за влез на газираната вода „Пелистерка“ на тамошниот пазар.

    „Шангај е само почеток. Не застануваме тука, продолжуваме да ги освојуваме и останатите кинески градови и покраини. За секој производител, без разлика дали е од мала земја како Македонија или од многу поголема европска земја, кинескиот пазар е предизвик“, велат од „Пелистерка“.

    Откако ги освои балканските земји, водата на „Пелистерка“ се најде и во супермаркетите, кафулињата и рестораните и во Гермaнија, Естонија, Америка, Австралија…

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира