Началникот на петтата управа Горан Грујовски, кој е осомничен во случајот „Тврдина” на СЈО, е разрешен, соопшти министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Разрешувањетo е во законски рамки, иако Грујовски се наоѓа на боледување, тврди Чавков, без да каже зошто е разрешен началникот на петтата управа.
Грујовски е првоосомничен во случајот „Тврдина“, што го отвори СЈО. Тој, заедно со уште четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се товарат дека минатата година ги уништиле системите од незаконското следење на комуникациите, вредни 10 милиони евра.