Потрошени се парите предвидени за субвенции за електрични тротинети во Град Скопје. На јавниот повик кој вчера го распиша Градот до 12 часот денеска стигнале 200 барања.
„Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат“, велат од Град Скопје.
Од буџетот на Градот за оваа намена беа предвидени 1,5 милиони денари. Град Скопје ќе субвенционира 30 отсто од цената на тротинетот, но не повеќе од 7.000 денари со вклучен персонален данок на доход.