БИВШ ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    БИВШ ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТДавид-Марија Сасоли го наследува својот сонародник Антонио Тајани (Фото: АП)

    Италијанскиот социјалист Давид-Марија Сасоли е избран за нов претседател на Европскиот парламент, за да го наследи својот сонародник Антонио Тајани, кој денеска поднесе оставка.

    Во вториот круг на гласањето, Сасоли освои 345 гласови од можни 667. На второто место се пласираше чешкиот конзервативец Јан Захрадил со 160 гласови, а кандидати уште беа и Ска Келер од Германија и Сира Риго од Шпанија.

    Токму Европскиот парламент во средина на месецот треба да одлучи дали ја прифаќа номинацијата на Урсула фон дер Лајен за нов шеф на Европската комисија.

    Шеесет и тригодишниот Сасоли е поранешен новинар, кој првпат беше избран во Европскиот парламент во 2009 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира