ЕКСПЕРТОТ ЗА ИНТЕРНЕТ ЕКСПЛОРЕР САДУЛА ДУРАКИ НАЗНАЧЕН ЗА ВИЦЕПРЕМИЕР

    ЕКСПЕРТОТ ЗА ИНТЕРНЕТ ЕКСПЛОРЕР САДУЛА ДУРАКИ НАЗНАЧЕН ЗА ВИЦЕПРЕМИЕРСадула Дураки на вчерашната владина седница, прва за него како вицепремиер. Тој седи на местото на разрешениот вицепремиер Хазби Лика. (Фото: Влада на РСМ)

    Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки од ДУИ е назначен за вицепремиер во Владата на Зоран Заев. Одлуката за унапредување на Дураки беше донесена на вчерашната седница на Владата. Тој доаѓа на местото на разрешениот сопартиец Хазби Лика, кој беше министер без ресор и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

    До реконструкцијата на Владата на крајот од минатиот месец, Дураки беше министер за животна средина и во оставката до премиерот Зоран Заев се пофали дека многу мали и големи проекти спроведени од страна на министерството, во време на неговото раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.

    Во предлогот на Заев до Собранието со новите министри, во кусата биографија на Дураки беше наведено има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис. На 27 јуни, во Собранието беше избран за министер во новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Вицепремиери во Владата на Заев се уште министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, и Бујар Османи, задолжен за европски прашања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира