ЧЕТИРИ ЛИЦА ОГРАБИЛЕ БАНКА ВО САРАЈ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ЧЕТИРИ ЛИЦА ОГРАБИЛЕ БАНКА ВО САРАЈ, НЕМА ПОВРЕДЕНИВо моментов сѐ уште нема детали колку пари се украдени.(Фото: Фејсбук/НЛБ Банка)

    Утрово ограбена е експозитура на НЛБ Банка во општина Сарај. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи четири лица со закана од огнено оружје ја ограбиле банката. Во моментов сè уште нема детали колку пари се украдени.

    „Околу 10:40 четири лица извршиле разбојништво и со закана од огнено оружје одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

    Од НЛБ Банка АД Скопје велат дека за време на грабежот во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, но нема повредени.

    „Средствата на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства“, велат од НЛБ Банка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира