Бизнисменот Бојан Јовановски – Боки 13 денеска е уапсен на граничниот премин „Богородица“, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од истрагата во обвинителството за организиран криминал и корупција.
Боки 13, кој се претставува како сопственик на телевизијата „1ТВ“, е уапсен со бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец. Новинарот Бранко Героски минатиот месец објави серија текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари. Самиот Боки 13 во интервју на телевизијата „1ТВ“ кажа дека тој се препознал во текстовите на Героски.
Обвинителството најави прес-конференција со повеќе детали попладнево.
С. К. ДЕЛЕВСКА