ШИЛЕГОВ ЌЕ ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА „ШОЛЦ“ ДА БИДЕ КОНЦЕСИОНЕР НА ДРИСЛА

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА „ШОЛЦ“ ДА БИДЕ КОНЦЕСИОНЕР НА ДРИСЛА„Шолц“ во законскиот рок од 30 дена не формирал Друштво за посебна намена (ДПН) во форма на друштво за ограничена одговорност со седиште во Република Македонија со кое ќе го склучи Договорот, па затоа поништена е одлуката тие да бидат концесионери на депонијата. - Шилегов на Дрисла (Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје ја поништи одлуката германскиот конзорциум „Шолц“ да биде концесионер на депонијата Дрисла. Ваквата одлука градоначалникот Петре Шилегов ја предлага на усвојување утре пред Советот на Град Скопје бидејќи „Шолц“ во законскиот период од 30 дена не се јавил да склучи договор за земање на Дрисла под концесија. Со тоа сега со Дрисла повторно ќе управува Град Скопје.

    „Согласно Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, како и условите од тендерската документација, Градот Скопје со Известување број 08-12/1326 од 13 јуни 2019 година го извести Конзорциумот предводен од „Шолц“ Република Германија дека е избран за најповолен понудувач. Како прворангиран кандидат, му ја достави Одлуката за избор и го задолжи да основа Друштво за посебна намена (ДПН) во форма на друштво за ограничена одговорност со седиште во Република Македонија кое ќе го склучи Договорот за заедничко вложување и Договорот за друштвото“, се вели во образложението на градоначалникот Шилегов до советниците.

    „Со оглед дека Известувањето број 08-12/1325 од 13 јуни 2019 година е доставено преку ДХЛ на 14 јуни 2019 година со кое на најповолниот понудувач му е доставена одлуката за избор и е утврден рокот од 30 дена за основање на Друштво за посебна намена, а избраниот кандидат не основа Друштвото за посебна намена во предвидениот рок исполнети се законските услови за донесување на предложената одлука и поништување на одлуката за избор. Вака предложената одлука се темели на член 21-а од Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, каде е утврдено дека Конзорциумот е должен да основа правно лице, односно Друштво за посебна намена во утврден рок кој го склучува договорот за концесија со Град Скопје, која обврска не е испочитувана од страна на избраниот конзорциум предводен од ’Шолц‘“, се додава во образложението на Шилегов.

    Град Скопје го избра конзорциумот предводен од „Шолц“ за концесионер на „Дрисла“ на 11 јуни годинава откако по шестгодишна судска битка беше раскинат договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира