Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтерова скала ја погоди Атина денеска и властите велат дека нема повредени.
Епицентарот бил 23 километри северозападно од главниот град на Грција, соопштија сеизмолози.
Засега не се пријавени големи штети, но земјотресот предизвикал прекин во електроснабдувањето и во телекомуникациите во делови од градот.
Сведоци изјавија дека граѓаните во паника истрчувале на улица и дека се евакуирале високи згради.