ЗАЕВ ГИ СМЕНИ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ И ОТПУШТИ СЛУЖБЕНИЦИ ПО НАСАНКУВАЊЕТО ОД РУСКИТЕ МАЈТАПЧИИ

    ЗАЕВ ГИ СМЕНИ ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ И ОТПУШТИ СЛУЖБЕНИЦИ ПО НАСАНКУВАЊЕТО ОД РУСКИТЕ МАЈТАПЧИИОД Владата велат дека како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на Кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници. (Фото: К.Попов)

    Премиерот Зоран Заев ги смени броевите на своите мобилни телефони и отпушти дел од неговите советници и соработници по случајот со руските комичари. Од Владата денеска соопштија дека  преземаат мерки „за зајакнување на ефикасноста и безбедноста во спроведувањето на транспарентната агенда составена од состаноци, настани и комуникаци“.

    „Во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво на проверки и заштити на комуникациите на претседателот на Владата. Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на Кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници“, се вели во соопштението од Владата.

    Премиерот направил и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе бидат отпуштени.

    „Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата. Премиерот Заев и Кабинетот се посветени на унапредување на отворениот и транспарентен начин на работа, во согласност со безбедната употреба на новите технологии и со протоколите кои произлегуваат од современите начини на менаџмент и управување“, се вели во соопштението од Владата.

    Руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, на 9 јули објавија видео со телефонски разговарале со премиерот  Зоран Заев, во кои тие се претставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    „Жртва сум на мојата отвореност и мојата постојана достапност. На отворена линија сум секогаш со нашите стратешки партнери и граѓаните“, рече Заев на прес-конференција во Владата откако беа објавени снимките.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира