СЀ ШТО КАЖА МИЛОШОСКИ СЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ, ВЕЛАТ ОД БЕЛОРУСКИОТ КОНЗУЛАТ

    СЀ ШТО КАЖА МИЛОШОСКИ СЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ, ВЕЛАТ ОД БЕЛОРУСКИОТ КОНЗУЛАТПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на вчерашната седница за пратенички прашања кажа дека не е задоволен од одговорот на премиерот Зоран Заев бидејќи вели дека цитирал што пишуваат медиумите за бизнисмен кој се жалел во Белоруската амбасада во Белград. (Фото: К. Попов)

    Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје и Белоруската амбасада во Белград велат дека Антонијо Милошоски вчера извадил лажни вести од собраниската говорница, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека бизнисмен од Битола кој добил тендер за РЕК Битола бил рекетиран од функционер на власта и му биле побарани 250.000 евра во кеш.

    „На 25 јули 2019 година извадени се лажни вести од страна на пратеникот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, кои беа проследени во електронските медиуми. Воедно, сакаме да посочиме и да потврдиме дека сè што беше искажано, едноставно се лажни вести“, се вели во соопштението од Почесниот конзулат на Белорусија.

    Оттаму велат дека ниту во минатото, ниту сега до Амбасадата на Република Белорусија во Белград и до амбасадорот Валериј Брилјев ниту, пак, во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија во Скопје не се доставени жалби, исто така ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми од каква било природа и какви било размери.

    Најавена и е протестна нота од Амбасадата на Република Белорусија во Република Србија до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за искажаните лажни вести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира