РУСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР НАВАЛНИ МОЖЕБИ Е ОТРУЕН ВО ЗАТВОРОТ, ИЗЈАВИЈА ОД БОЛНИЦАТА

    РУСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ЛИДЕР НАВАЛНИ МОЖЕБИ Е ОТРУЕН ВО ЗАТВОРОТ, ИЗЈАВИЈА ОД БОЛНИЦАТАНавални беше осуден на 30 дена затвор откако незаконски повика на протестот што се одржа викендов (Фото: ЕПА)

    Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше префрлен од затвор во болница во Москва, откако претрпил акутна алергиска реакција, за која еден лекар кажа дека можеби е резултат на труење со непозната хемиска супстанца.

    Четириесет и тригодишниот Навални минатата недела беше осуден на 30 дена затвор поради прекршување на строгите закони за протестирање. Повеќе од илјада луѓе беа уапсени викендов на протестите што Навални незаконски повика да се одржат. Од болницата кажаа дека неговата состојба сега е стабилна.

    „Навални имаше знаци на акутна алергија во вид на сериозни отоци и црвенило на кожата. Тој досега никогаш не покажал вакви симптоми“, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш.

    Еден од лекарите кој во минатото го лекувал Навални не ја исклучи можноста тој да бил отруен.

    „Не можеме да исклучиме дека ‘трета страна‘ му предизвикала токсична штета на кожата и слузницата со помош на непозната хемиска супстанца“, изјави докторката Анастасија Василева.

    Таа побара примероци од кожата и косата на Навални да бидат тестирани на хемикалии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира