ВО ХАМБУРГ ЗАПЛЕНЕТ КОКАИН ВРЕДЕН ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА

    ВО ХАМБУРГ ЗАПЛЕНЕТ КОКАИН ВРЕДЕН ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРАМесто соја, во сомнителниот контејнер биле пронајдени 221 торба полни со кокаин (Фото: Гети)

    Германските власти објавија дека заплениле 4,5 тони кокаин во пристаништето во Хамбург, што е најголемо количество досега откриено во оваа земја. Вредноста на дрогата се проценува на една милијарда евра.

    Царинските служби кажаа дека дрогата е откриена во контејнер што пред две недели пристигнал од Уругвај, а требало да продолжи за Антверпен, Белгија.

    Во описот на товарот стоело дека контејнерот е наполнет со соја, но на нејзино место цариниците пронашле 221 црна спортска торба, во кои имало 4.200 пакети кокаин.

    „Ова огромно количество претставува најголема поединечна заплена на кокаин во Германија досега. Запленетиот кокаин беше уништен во строго контролирани услови“, изјавија од канцеларијата на јавниот обвинител на Хамбург.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира