Млад вчера напаѓач пукаше во Ел Пасо, Тексас, во трговски центар со околу 3.000 посетители на шопинг пред почетокот на школската година, при што загинаа 20, а 26 луѓе се ранети. Властите истражуваат дали станува збор за напад од омраза, и дали расистичкото, антиимигрантско писание објавено онлајн кусо пред нападот го напишал уапсениот 21-годишен осомничен Патрик Крусиус од близината на Далас.
Ел Пасо е пограничен град меѓу Тексас и Мексико, а околу 80 отсто од 680.000 жители се Латиноамериканци.
Преседателот Доналд Трамп твитна „Господ нека е со сите вас“.
Полицијата на Ел Пасо се уште утврдува дали Крусиус е автор на објавениот текст на 4 страници. Во текстот, авторот е загрижен за напливот на Хиспанци во САД, оти тоа ќе ги замени белите гласачи и потенцијално ќе придонесе на следните избори во Тексас да победи Демократската партија. Тој ги критикува и републиканците за врските со корпорациите и уништувањето на животната средина. Иако го поддржувал Трамп за изградбата на пограничниот ѕид, тој вели дека неговите ставови за расното прашање се уште пред Трамп и секој обид претседателот да се обвини за неговиот напад е „лажна вест“. Иако негира дека е бел расист, тој сепак го поддржува човекот кој од расистички мотиви во март уби 51 верник во две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд.