СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР ПОПОВСКИ, ЗАШТО ПОКРИВАЛ СО ПЛАТА ОТСУТНА АКТИВИСТКА НА ВМРО-ДПМНЕ

    СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР ПОПОВСКИ, ЗАШТО ПОКРИВАЛ СО ПЛАТА ОТСУТНА АКТИВИСТКА НА ВМРО-ДПМНЕПредистрагата ја водеше Финансовата полиција, која неодамна одзеде илјади тони забранет тутун од жителите на скопското село Љуботен, а во која нема ниту едно осомничено лице. - Директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми (Фото: СДК. МК)

    Приведениот поранешен директор на Централен регистер Андреја Поповски заврши пред судија на претходна постапка и за него обвинител бара мерка притвор, зашто наредил вработена партиска активистка 3 години да зема плата, да не оди на работа, а да се посвети на задачи од партијата.

    „ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои едно е осомничено за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од Кривичниот законик, додека останатите четири лица се осомничени за помагање при извршување на истото кривично дело. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за првоосомниченото лице, додека за тројца од останатите осомничени ќе биде побарано определување мерки на претпазливост со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка“, соопшти Обвинителството.

    Во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, првоосомничениот во својство на в.д. директор на Централниот регистар, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија.

    „Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата. Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело“, вели Обвинителството.

    Акцијата на приведувањето и предистрагата ја водеше Финансовата полиција, која неодамна имаше голема акција во скопското село Љуботен со цел кордон специјалци од МВР, во која беа одземени неколку тони забранет тутун од тамошното население, а од која акција нема ниту едно осомничено лице.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира