ПАРКИНГОТ ШТО ГО КРИЕШЕ ОХРИДСКИОТ ЧИНАР СТАНА МИНИ БАЗАР

    ПАРКИНГОТ ШТО ГО КРИЕШЕ ОХРИДСКИОТ ЧИНАР СТАНА МИНИ БАЗАРПаркингот беше отворен пред пред околу две децении. Возилата што тука влегуваа и излегуваа правеа вистински метеж на улицата Македонски просветители (Фото: СДК.МК)

    Паркингот во строгиот центар на Охрид, на плоштадот Крушeвска република кој две децении го сокриваше најстариот охридски чинар од погледот на охриѓани и гостите, летово е претворен во мини базар.

    Со одлука на локалната власт овој атрактивен простор e одзeмен од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ кое стопанисува со паркинзите и е претворен во зона за продажба на сувенири, сладолед и други дребулии.

    Паркингот во овој дел беше отворен пред пред околу две децении. Возилата што тука влегуваа и излегуваа правеа вистински метеж на улицата Македонски просветители. Граѓаните коментираат дека сега, барем во тој дел, овој проблем е разрешен.

    „Од овој паркинг простор немавме некоја посебна финансиска корист. Бројните автомобили што тука се паркираа го сокриваа охридскиот чинар од погледите на охриѓани и гостите. На овој начин чинарот сега се гледа од повеќе страни, а крај него нема веќе импровизирани тезги и неред кој не му одговара на еден туристички центар. Сега тука има типизирани монтажни објекти во кои се продаваат сувенири, сладолед”, вели директорката на ЈП „Билјанини извори” Гордана Јованоска.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира