ШВЕДСКА ГИ ЗАБРАНИ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ НА ОТВОРЕНО И ДО 2025 ЌЕ СТАНЕ ЗЕМЈА БЕЗ ЧАД ОД ЦИГАРИ

    ШВЕДСКА ГИ ЗАБРАНИ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ НА ОТВОРЕНО И ДО 2025 ЌЕ СТАНЕ ЗЕМЈА БЕЗ ЧАД ОД ЦИГАРИОд 1 јули веќе не смее да се запали цигара на јавни места како игралишта, железнички станици како и во ресторани и барови на отворено (Фото: Ројтерс)

    Шведска е на чекор поблиску да стане земја без чад од цигари, откако изминатиот месец беа донесени нови закони кои се однесуваат на пушење на јавни места. Од 1 јули веќе не смее да се запали цигара на јавни места како игралишта, железнички станици како и во ресторани и барови на отворено. Забраната беше проширена и за електронските цигари. Пушењето во ресторани и кафулиња е забрането од мај 2005.

    Според статистиката од Европската Унија, Шведска е земја со најниска стапка на дневно пушење цигари и најновата мерка е дел од целта на премиерот Стефан Лофвен, да стане земја без чад од цигари до 2025.

    Претседателот на Либералната партија Јоар Форсел, кој се облече како цигара ноќта пред да се изгласа законот, за германскиот весник „Билд“ изјави дека има астма и никогаш не пушел, но смета дека законот се коси со слободата на човекот.

    „Секој ресторан треба самостојно да одлучи кој закон да го спроведува“, вели тој.

    Претседателот на Либералната партија, Јоар Форсел се облече како цигара ноќта пред да се изгласа законот (Фото: Инстаграм)

    Никлас Кванстром, страсен пушач, на Фејсбук основаше група против забраната за пушење на отворено, а организираше и мал протест. Тој вели дека може да ги разбере оние на кои им пречи чадот од цигарите, но во исто време, верува дека проблемот може да се реши на поинаков начин отколку со државен декрет. Тој смета дека новиот закон е нефер кон пушачите.

    Шведските здравствени власти на Законот гледаат како на значаен чекор во заштитата на здравјето на луѓето, како и на намалување на ризиците за здравјето од пасивното пушење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира