ОПШТИНА ОХРИД ВОВЕДЕ МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ

    ОПШТИНА ОХРИД ВОВЕДЕ МОРАТОРИУМ НА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИЗа мораториумот гласаа 20 советници од вкупно 23 колку што брои Советот на Општина Охрид. Двајца советници биле воздржани, а еден бил отсутен. (архивска фотографија)

    Советниците на Градскиот совет во Општина Охрид на денешната седница донесоа одлука за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови со што се постапува по Заклучоците од 146. седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.

    За Предлог-одлуката гласаа 20 советници од вкупно 23 колку што брои Советот. Двајца советници биле воздржани, а еден бил отсутен.

    Владата на 23 јули донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорача на општините од регионот, Охрид и Струга, да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

    Владата тогаш им препорача на општините Охрид и Струга да изготват и акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира