НЕ СУМ БАРАЛ ОД КАМЧЕВ ДУЌАН ЗА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА ЗА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА, ВЕЛИ ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

    НЕ СУМ БАРАЛ ОД КАМЧЕВ ДУЌАН ЗА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА ЗА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА, ВЕЛИ ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦКамчев, во разговорот со Боки 13 објавен денеска од италијанската „Ла Верита“, прашува дали обвинителката Стефанова е влезена во играта со нив, кога го споменува и Чифлиганец. - Ванчо Чифлиганец; Орце Камчев (Фото: Адора/СДК.МК)

    Бизнисменот Ванчо Чифлиганец демантира дека му се јавил на Орце Камчев и му барал дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката Лиле Стефанова. Неговиот демант доаѓа откако утринава италијанскиот весник „Ла Верита“ објави нови разговори меѓу Камчев, осомничен во „Империја“, и Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во „Рекет“, и во еден од нив, Камчев вели дека Чифлиганец му барал дуќан за Стефанова, која ја води „Империја“.

    „Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е дури и попатно споменување на моето име“, вели Чифлиганец во изјавата испратена до медиумите од неговата компанија „Адора“.

    Камчев, во разговорот со Боки 13, прашува дали обвинителката Стефанова е влезена во играта со нив, кога го споменува и Чифлиганец.

    „Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости. Јас одјебав све тоа“, му вели Камчев на Боки 13.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира