Гоце Чакаров управува со планинарскиот дом „Караџица“ и одржува повеќе од 50 кошници со пчели. Тој тоа го работи во последните 10 години. Планинарскиот дом е на надморска височина од 1.450 метри на планината Јакупица, 45 километри јужно од Скопје.
Поради големата надморска височина и над 40 километри оддалеченост од кое било индустриско или станбено подрачје, медот што го создаваат пчелите спаѓа во категоријата на висококвалитетен органски мед, иако нема сертификат за органски производ.
Според Чакаров, македонско семејство кое има 100 пчеларници може да произведува околу 1.500 килограми мед годишно.
Пчеларството во Македонија е растечки бизнис и станува важен дел од современиот животен стил. Висококвалитетниот планински ливадски мед се продава за минимална цена од 8,5 евра за тегла од 0,7 литри, што значи дека годишната заработка е поголема од 12.000 евра, или за 20 отсто поголема од просечниот годишен приход на македонско домаќинство. Во земјава има пчелари од различни професии и старосни групи.
„Пчеларството станува семеен бизнис. Голем број млади одлучуваат да се вклучат во пчеларството. Државата дава субвенција од 600 денари по пчеларник што ќе ја прежививее зимата, а за органското пчеларство субвенциите се поголеми – 800 денари по пчеларник“, вели претседателот на претседателот на Федерацијата за пчеларство на Северна Македонија Јане Марков.
Според Министерството за земјоделство, во Македонија има над 7.000 семејства кои работат со пчеларство. Проценката на Министерството е дека во земјата имало повеќе од 240.000 пчеларници на крајот на 2018. Во зависност од временските услови, еден пчеларник произведува од 18 до 35 килограми мед.
Фоторепортажа: Ѓорѓи ЛИЧОВСКИ