ЗБОРОТ „ПЕДЕР“ ГО УПОТРЕБИВ КАКО КАРАКТЕРНА ОСОБИНА, А НЕ ЗА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ЗБОРОТ „ПЕДЕР“ ГО УПОТРЕБИВ КАКО КАРАКТЕРНА ОСОБИНА, А НЕ ЗА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА, ВЕЛИ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев твитна дека ќе се бори за правата на ЛГБТИ заедницата, како што се борел и досега. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев вели дека зборот „педер“ го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност, откако претходно денеска кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13.

    „ЛГТБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГТБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, твитна Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира