ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ ОД СТРУМИЦА ДОБИ ЗАБРАНА ДА ВРШИ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕДИ ВО СТАНИЦАТА КОЈА ПОСТОИ 50 ГОДИНИ

    ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ ОД СТРУМИЦА ДОБИ ЗАБРАНА ДА ВРШИ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕДИ ВО СТАНИЦАТА КОЈА ПОСТОИ 50 ГОДИНИВработените го блокираа патот кон Просениково еден час (Фото: СДК.МК)

    Вработените од Здружението на возачи – Центар за возила од Струмица денеска го блокираа патот кон Просениково, бидејќи, како што тврдат, неправедно добиле забрана за вршење технички преглед на возилата од страна на МВР. Раководителката на Здружението Лидија Булинг-Николова информираше дека решението за забрана пристигнало вчера, со објаснување дека овој центар нема режим на сообраќај. За вработените, решението е нелогично, бидејќи станицата за технички преглед функционира повеќе од 50 години покрај патот Струмица-Просениково и има сообраќајно решение за влез и излез на возилата.

    „МВР бара режим на сообраќај што ние не можеме да го добиеме, бидејќи надлежните институции сѐ уште немаат донесено измени на генералниот, но и нов детален урбанистички план за оваа област каде ние со години опстојуваме. Бараме да се донесе детален урбанистички план кој би го регулирал ова прашање за да може да поднесеме барање и добиеме режим на сообраќај, кој на терен постои, но го нема на хартија. Но, очигледно е дека институциите немаат слух, ниту, пак, реален увид во состојбите на терен“, изјави Булинг-Николова.

    Како Здружение, тие најавија дека ќе се жалат до Управниот суд на решението од МВР. Во станицата работат околу 20 лица. Сите се изненадени, бидејќи со години работеле на истата локација покрај патот кон Просениково и немале проблем со режимот на сообраќај.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира