Пожарот кај селото Опеница, Охридско сè уште е активен, но е ставен под контрола. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека во текот на вчерашниот ден на пожарот се интервенирало и со два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, по што тој е локализиран и не дошло до проширување.
„Во текот на денешниот ден како и вчера интервенира Пожарната од Охрид како и екипи од Македонски шуми“, велат од Центарот за управување со кризи.
Во пожарот кој вчера избувна на патот од Охрид кон Ресен гори борова шума.