ДВЕТЕ ДЕЦА ОСТАВЕНИ ВО АВТОМОБИЛ НА ПАРКИНГ ВО НОВО ЛИСИЧЕ СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБА

    ДВЕТЕ ДЕЦА ОСТАВЕНИ ВО АВТОМОБИЛ НА ПАРКИНГ ВО НОВО ЛИСИЧЕ СЕ ВО ДОБРА СОСТОЈБАПолициските службеници веднаш интервенирале и децата и децата се извадени од возилото и со возило на Итна медицинска помош се пренесени на скопските клиники, велат од МВР. (архивска фотографија)

    Двете деца оставени во автомобил во скопската населба Ново Лисиче, кои вчеравечер ги нашла полицијата се во добра состојба.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека вчера вечерта во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на булеварот Видое Смилевски Бато во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки има две деца кои се заклучени.

    „Полициските службеници веднаш интервенирале и децата и децата се извадени од возилото и со возило на Итна медицинска помош се пренесени на скопските клиники. По преземените мерки од полициските службеници пронајдени се Т.Т. (44) и М.Н. (35), родители и децата. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    Од Здравствен дом Скопје велат дека екипите на итната медицинска помош веднаш интервенирале, дека децата се во добра состојба, но дека се пренесени на Клиниката за детски болести на натамошно иследување.

    Од Клиниката за детски болести велат дека вчера вечер околу 23 часот децата со возило на итна медицинска помош и во придружба на полиција биле донесени на клиниката.

    „Донесени се женско дете на седум години и машко дете на четири години. При приемот и прегледот оддавале впечаток на запуштени деца, односно валкани во нечисти алишта, биле во свесна состојба, исплашени и лесно дехидрирани. При приемот биле свесни со витални параметри. Децата се хоспитализирани на одделот за пулмологија на опсервација. Направени се рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена е перорална рехидрација. Во текот на престојот се во стабилна состојба и се испишувааат во добра здравствена состојба“, соопшти Клиниката за детски болести.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира