Тргна процедурата за носење на Законот за Јавно обвинителство, кој треба да го спои Специјалното јавно обвинителство со Обвинителството за организиран криминал и корупција. Досега се поднесени над 40 амандмани, рече претседателот на Комисијата Артан Груби, од кои 20 се на ВМРО-ДПМНЕ, 16 на СДСМ, 10 на ДУИ.
Амандманите се усогласуваат, за да нема некои што се повторуваат, што не се однесуваат на предлог законот и слично. Во моментов се архивираат и нови амандмани, напомена Груби.
Во исто време, Советот на јавни обвинители расправаше за да донесе одлука за покренување на иницијатива за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, за нестручно и несовесно работење. Таа одлука, треба да стигне до собраниската комисија за избори и именувања, а потоа и до сите пратеници на седница.
Ако првин биде разрешена Јанева, а не обратно, првин да биде донесен Законот за јавно обвинителство, се загрозуваат сите истраги и обвиненија на, СЈО за кои има судења и пресуди.
С. К. ДЕЛЕВСКА