Мерил Стрип, најуспешната, наградувана и камелеонска актерка на нејзината генерација, еднаш призна дека дека речиси и завидува на Хилари Клинтон: за жените од нејзината генерација, рече Стрип, Хилари беше мерката со која тие неизбежно си ги мереле своите животи – некогаш ласкаво, некогаш не.
Синоќа, Стрип застана на сцената на Демократската национална конвенција за да ја поддржи Хилари Клинтон и да покаже дека таа, како објект на тој восхит, загриженост и судење, е вистинскиот избор за претседател на САД.
„Што треба за да бидеш прва жена во било што?, праша Стрип. „Треба упорност и треба милост“.
Стрип стапи на сцената со крената тупаница и гласен, примален и триумфален вресок, кој беше наменет на жените насекаде. Во говорот, 67-годишната Мерил Стрип ја постави 68-годишната Клинтон во пантеонот на американските пионерки, од Амелија Ерхарт до Хариет Табман, од Сандра Деј О’Конор до Џералдин Фераро. Таа најмногу се задржа на Дебора Сампсон, која се преоблекла во маж за да служи во Континенталната армија. Таа била застрелана во битка и сама си го отстранила куршумот за да не и го откријат полот.
Пораката не се изгуби во салата – а Стрип сигурно поентираше: „Хилари Клинтон има примено бајаги куршуми за овие 40 години“, рече Стрип.