ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ДОЈДЕ ДА СВЕДОЧИ КАЈ РУСКОСКА ЗА „РЕКЕТ“

    ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ДОЈДЕ ДА СВЕДОЧИ КАЈ РУСКОСКА ЗА „РЕКЕТ“Пратеничката Фросина Ременски е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13. - Ременски утринава пристигнува на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција (Фото: К. Попов)

    Потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција да сведочи во големата истрага именувана како „Рекет“. Таа е сама, без придружба.

    Ременски е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, кој е во притвор под сомневање дека помогнат од специјалната обвинителка Катица Јанева, го рекетирал бизнисменот Орце Камчев, кому, според неговите кажувања, за да му помогне да биде ослободен од обвинението во случајот на СЈО „Империја“, му зел во два наврата вкупно милион и пол евра во готовина, пари кои му ги дал додека бил во притвор и во куќен притвор.

    Истрагата за активностите на Меѓународниот сојуз, во чие име Боки 13 наводно рекетирал и мамел бизнисмени за изградба на старечки домови, е вториот дел од истрагата „Рекет“. Кај шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска се сослушани бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, кои велат дека се оштетени од Боки 13 со вкупна сума од околу еден милион евра, кои си ги бараат назад.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира