БОРИС ЏОНСОН ДОЖИВЕА ДВОЕН ПОРАЗ, БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ И НЕГОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

    БОРИС ЏОНСОН ДОЖИВЕА ДВОЕН ПОРАЗ, БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ И НЕГОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИЗа предлогот на Џонсон за предвремени избори на 15 октомври гласаа само 298 пратеници, 136 помалку од потребното двотретинско мнозинство. (Фото: Британски парламент)

    Британскиот премиер Борис Џонсон доживеа двоен пораз во парламентот денеска откако пратениците го одбија неговиот предлог за предвремени избори. Претходно, пратениците усвоија закон за да се блокира излезот од ЕУ без договор ако премиерот не се договори за план со ЕУ пред крајниот рок за Брегзит на 31 октомври.

    Џонсон рече дека законот ги уништил преговорите со ЕУ и како единствен пат напред предложи да се одржат предвремени избори. Но, лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин го обвини премиерот дека игра неискрена игра за да изнуди Брегзит без договор со ЕУ. Тој кажа дека неговата партија ќе поддржи предвремени избори, но дури откако ќе помине законот за блокада на Брегзит без договор со Горниот дом. Против предлогот на Џонсон беа и СНП и Либерал Демократите.

    За предлогот на Џонсон за предвремени избори на 15 октомври гласаа само 298 пратеници, 136 помалку од потребното двотретинско мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира