Поранешниот генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски дојде на сослушување во Обвинителството за организиран криминал и корупција во истрагата за “Рекет”.
На влегување, Кирацовски не кажа во какво својство го повикала обвинителката Вилма Рускоска. Рече дека ќе даде изјава откако ќе заврши неговата денешна постапка.
Кирацовски е еден од актуелните политичари кои биле таканаречени „олеснувачи“ на Боки 13 за пристап до локалната самоуправа, каде што Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски наводно барал плацови за изградба на старечки домови. Наводно, Кирацовски му средил на Боки 13 состанок со градоначалничката на Битола Наташа Петровска, која притворениот Бојан Јовановски ја убедувал да му отстапи локација за градба.
С. К. ДЕЛЕВСКА