УЧЕНИЧКА ВО КЕНИЈА СЕ САМОУБИ ОТИ НАСТАВНИКОТ ЈА ЗАСРАМИЛ ДЕКА УНИФОРМАТА Ѝ БИЛА ИЗВАЛКАНА ОД МЕНСТРУАЦИЈА

    УЧЕНИЧКА ВО КЕНИЈА СЕ САМОУБИ ОТИ НАСТАВНИКОТ ЈА ЗАСРАМИЛ ДЕКА УНИФОРМАТА Ѝ БИЛА ИЗВАЛКАНА ОД МЕНСТРУАЦИЈАМајката на девојчето вели дека наставникот ја навредил дека е валкана што ѝ била извалкана унформата и ѝ наредил да го напушти часот во училиштето во Кабиангек, западен Најроби (Фото: Гети)

    Ученичка во Кенија се самоубила откако била засрамена за време на час бидејќи имала менструација и униформата ѝ била извалкана. Кениските медиуми пренесуваат дека мајката на 14-годишното девојче изјавила дека се обесило откако било омаловажено од наставникот.

    Мајката на девојчето вели дека наставникот ја навредил дека е валкана што ѝ била извалкана унформата и ѝ наредил да го напушти часот во училиштето во Кабиангек, западен Најроби.

    „Таа немала што да употреби како влошка. Кога крвта ѝ ги извалкала алиштата, ѝ било наредено да го напушти часот и да стои пред училиница“, изјавила мајката. Кога дошла дома ѝ кажала на мајка ѝ за случката, а потоа се самоубила.

    Кенија во 2017 донесе закон со кој им се обезбедуваат бесплатни средства за хигиена на ученичките. Но, собраниска комисија испитува зошто таа програма сѐ уште не е спроведена во училиштата.

    Родителите го пријавиле случајот во полиција, но се разочарани дека не се презема ништо. Полицијата употреби солзавец за да ја растури групата од 200 родители кои во вторникот протестираа пред училиштето, а петмина беа уапсени. Училиштето е затворено веќе неколку дена.

    Во Кенија, како и во повеќето земји, голем број на девојчиња не можат да си дзоволат средства за менструална хигиена. Според извештајот од 2014, една од десет девојчиња во подсахарска Африка пропушта часови на училиште за време на менструација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира