ДЕСНИЦАТА ОСТАНУВА НА ВЛАСТ ВО АВСТРИЈА ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ПАРТИЈАТА НА КУРЦ НА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ

    ДЕСНИЦАТА ОСТАНУВА НА ВЛАСТ ВО АВСТРИЈА ПО УБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА ПАРТИЈАТА НА КУРЦ НА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИДосегашниот канцелар Себастијан Курц не претрпи политичка штета од скандалот „Ибицагејт“ (Фото: АФП)

    Конзервативците остануваат на власт во Австрија, покажуваат излезните анкети по денешните вонредни парламентарни избори, кои се одржаа неколку месеци по распадот на досегашната владејачка коалиција поради скандалот „Ибицагејт“.

    Народната партија, предводена од досегашниот канцелар Себастијан Курц, однесе чиста победа на изборите, освојувајќи 37% гласови, шест проценти повеќе од претходните избори. Нејзиниот бивш коалициски партнер Слободарска партија доби околу 17%, забележувајќи благ пад. Триесет и тригодишниот Курц би можел да избере повторно да формира влада со крајната десница, додека други можни партнери се Зелените (13,1%) и партијата Неос (7,8%),

    Малку е веројатно дека тој ќе се здружи со Социјалдемократите, кои освоија 22,5% гласови.

    Политичката криза во Австрија почна во мај, кога се појави две години стара снимка од Ибица, на која лидерот на Слободарската партија и вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе ѝ ветува владини договори на жена која се претставува како ќерка на руски олигарх. Адвокат од Виена подоцна призна дека е автор на снимката, по која Штрахе поднесе оставка и беше растурена владејачката коалиција.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира