ЈАПОНСКИОТ НО ТЕАТАР, СТАР 650 ГОДИНИ И ЗАШТИТЕН ОД УНЕСКО, В ПЕТОК ДОАЃА ВО МНТ

    ЈАПОНСКИОТ НО ТЕАТАР, СТАР 650 ГОДИНИ И ЗАШТИТЕН ОД УНЕСКО, В ПЕТОК ДОАЃА ВО МНТНо е вбројан во листата на УНЕСКО за светско нематеријало културно наследство. Настанал пред околу 650 години и е најстарата зачувана сценска уметност, која до ден денешен се изведува непрекинато и без да претрпи значајни промени

    Јапонскиот Но театар за првпат доаѓа во Скопје, со претстава која ќе се изведе в петок во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).

    Во МНТ ќе се изведува традиционална уметност од Но Театарот Јамамото со 21 учесник вклучувајќи и тројца носители на сертификат за нематеријално културно добро доделен од Владата на Јапонија.
    На програмата се делата „Хагоромо“ (Перјаното руво) и „Цучигумо“ (Земјениот пајак) со титл на англиски и македонски јазик.

    Но е вбројан во листата на УНЕСКО за светско нематеријално културно наследство. Настанал пред околу 650 години и е најстарата зачувана сценска уметност, која до ден денешен се изведува непрекинато и без да претрпи значајни промени.

    . Оваа уметност својот врв го има доживеано во доцниот 16. век за време на владеењето на Тојотоми Хидејоши

    „Основоположници на Но се актерите и писателите Кан-ами и неговиот син Зеами од 14. и 15. век. Тие успеале да направат спој од бројни танци и изведувачки уметности кои постоеле во тие векови. Заштитници на Но отсекогаш биле високата класа на самураи, на чело со шогунот Ашикага. Оваа уметност својот врв го има доживеано во доцниот 16. век за време на владеењето на Тојотоми Хидејоши. По крајот на феудализмот, кон средината на 19. век, Но ја губи државната поддршка. Сепак, останува да биде уметност на високата класа, и е поддржувана од водечки бизнисмени. На тој начин, традицијата на Но успева да опстои до денешно време кога уметноста зазема централно место во естетиката и културниот идентитет на Јапонија“, велат од Амбасадата на Јапонија, кои се организатори заедно со МНТ, со поддршка од Министерството за култура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира