Волонтери од Црвениот крст ќе им помагаат на луѓето полесно да се движат низ клиниките, за да не скитаат низ клиниките кога имаат закажан преглед. Тие секој ден од 8.30 часот до 12 часот ќе им помагаат да дојдат до клиниката каде се упатени.
„Соработката која со години ја имаме со Црвениот крст во делот на крводарителството ја продолжуваме овде во делот на јавното здравје. Волонтери кои сакаат да помогнат, меѓу нив има пензионирани медицински сестри, пензионирани лекари и млади волонтери. Тие ќе бидат распоредени на клиниките за гинекологија, интерните и хируршките клиники, онкологија, инфективна клиника. Тие ќе бидат во комуникација со главните сестри и ќе ги упатуваат каде треба“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Саит Саити од Црвениот крст рече дека засега селектирале петнаесет волонтери, кои ќе бидат облечени во препознатлива облека на црвениот крст и на клиниките ќе има информативни пунктови каде граѓаните исто така ќе може да се обратат за помош.
Е. БОЧВАРОСКА