Четворица полицајци се убиени со нож во седиштето на француската полиција во Париз, објавија тамошните медиуми.
Напаѓачот, за кој беше кажано дека бил вработен во зградата, подоцна е убиен од полицијата.
Нападот се случил во дворот на полициската зграда, која се наоѓа во близина на катедралата Нотр Дам, само ден по националниот протест на полицијата против растечкото насилство кон нејзини припадници.